SOCIAL MEDIA

20-годишнина на Хари Потер: Враќање во Хогвортс

January 2, 2022


Ме облеа чувство на нешто познато уште од самиот почеток.

Лондон. Tower мостот. Улици украсени за божиќни и новогодишни празници. Такси автомобил. 

Актерите ги добиваат своите писма од Хогвортс, кои всушност се покана која им кажува дека е дојдено времето за повторно обединување. 

Се завршува со снимка од Хогвортс.

Ема Вотсон влегува во големата сала и го прегрнува Том Фелтон.



И така, полека, но сигурно, пројавив интерес да дознаам што ќе се случува понатаму.

БлогМас ден 25: "Емили во Париз" сезона 2

December 25, 2021

 

Драги мои, добредојдовте во последниот ден од БлогМас!

Сеуште не ми се верува дека ова е крајот на нашата предновогодишна дружба.

Пред да почнам со пишување на објавата за денес би сакала да ви се заблагодарам за огромната поддршка која ја добив за овогодинешниот БлогМас предизвик од сите вас.

Не можам да ви опишам колку многу ми значи што ги читавте моите објави и што постојано ги споделувавте и ми кажувавте колку многу ви се допаѓаат и колку многу уживате во мојот стил на пишување.

Уште еднаш ВИ БЛАГОДАРАМ за се и ви посакувам Среќни Новогодишни и Божиќни празници!

🎄🎄🎄🎄🎄🎄🎄🎄🎄🎄🎄🎄🎄🎄🎄🎄🎄🎄🎄🎄🎄🎄🎄🎄🎄🎄🎄🎄



Штотуку ја завршив целосно втората сезона од мега популарната серија на Нетфликс - "Емили во Париз" па решив за крај на овој БлогМас да споделам што мислам за неа.

БлогМас ден 19: Поддршка за нашите Зелени Сили!

December 19, 2021


Драги мои, добредојдовте во БлогМас ден 19.

Сигурна сум дека повеќето од вас слушнале за нашите овогодишни претставници на Јуниорскиот Евросонг, но и да не сте слушнале, сега ќе ве информирам накратко за се 😊



Ни преостанува уште половина час до почетокот на Јуниорскиот Евросонг во кој можете да гласате онлајн и да ги поддржите нашите Зелени Сили (Green Forces) од детсиот серијал "Дајте Музика" и тоа можете да го сторите на овој линк, целосно бесплатно: https://vote.junioreurovision.tv/

БлогМас ден 18: Гарние 15 мин. sheet маски

December 18, 2021

Драги мои, ситно броиме до крајот на овој БлогМас предизвик, па сакам да ви посакам добре дојде во БлогМас ден 18 пост.

Зимата веќе настапи со полна пареа и со нејзе донесе и минусни температури, па така мислам дека и добро знаете што следно ќе ви кажам.

Ова е најдоброто време за да започнете да му посветувате повеќе внимание на вашето лице и да му ја дадете дополнителнтаа љубов која ја заслужува.

Па во духот на негата, денес ќе зборуваме за неверојатните 15 минутни sheet маски од Гарние!






Искрено, ги купувам овие маски веќе долго време и се колнам дека изгледам ко да сум некој опседнат собирач на маски од Гарние 😂