SOCIAL MEDIA

БлогМас ден 1: Vichy Minéral 89 Booster

December 1, 2021
И после речиси 90 години овој популарен бренд се уште ја остварува својата мисија, а тоа е да им помога на жените да се грижат за својата кожа.

Виши е познат во светот по уникатната формула на своите производи кои ги користат својствата на термалната вода за да ја негуваат и хидрираат чувствителната кожа. Производите на Виши постигнаа култен статус благодарение на нивните лесни, но сепак длабоко ревитализирачки формули.






Во денешниот прв БлогМас пост, би сакала накратко да ви кажам неколку работи за неодоливиот Vichy Minéral 89 Fortifying and Plumping Daily Booster.

Овој серум доаѓа во проѕирно, стаклено пакување, има гелна текстура, погоден е за сите типови кожа, и содржи формула исполнета со хијалуронска киселина, која има моќни хидратантни својства и минерална вода, збогатена со 15 есенцијални минерали кои можат да помогнат во зајакнувањето на бариерата на кожата и ја штитат кожата од надворешните влијанија.

Состојки: AQUA/​WATER, PEG/​PPG/​POLYBUTYLENE GLYCOL-8/​5/​3 GLYCERIN, GLYCERIN, BUTYLENE GLYCOL, METHYL GLUCETH-20, CARBOMER, SODIUM HYALURONATE, PHENOXYETHANOL, CAPRYLYL GLYCOL, CITRIC ACID, BIOSACCHARIDE GUM-1.

Зимата ни тропа на врата и со нејзе носи ниски температури кои можат да ја исцицаат целата влажност од кожата, оставајќи ја сува, и склона кон перутење. Сè што ми дава влажност на кожата и помага во борбата против оваа дехидрација е добредојдено кај мене. Секако, морам да напоменам дека Vichy Mineral 89 Fortifying And Plumping Daily Booster серумот не е сам по себе доволен. Како што нагласува и неговото име, тој е само засилувач (booster) што го нанесувате на чисто лице, а по него го нанесувате вашиот крем за лице кој ќе му помогне на серумот да се активира и целосно да дејствува на кожата.

Ова е нешто што би го користеле ако имате сува или чувствителна кожа на која и треба таа дополнителна влажност за да остане мека и еластична. Ако забележите дека вашата кожа се чувствува малку позатегната од вообичаеното во овој период од годината или дека тежнее кон тоа да биде претежно сува, ова може да биде одличен додаток во вашата skincare рутина.

Нанесете го наутро и навечер на претходно чиста и сува кожа. Нежно масирајте додека не се апсорбира целосно во кожата и уживајте во бенефитите кои следат.

Го користам овој производ веќе 3 месеци и можам слободно да потврдам дека ми ги заменува сите други серуми во мојата колекција. Во овој ладен период кожата околу моите образи е малку посува и има потреба од повеќе хидратација. Една пумпица е повеќе од доволна за да се опфати целото лице. Текстурата е малку леплива, но по нанесувањето на дневната крема, таа лепливост исчезнува. 

Мислам дека добро функционира и како прајмер пред нанесување на течна пудра затоа што ми дава впчаток дека на некој начин шминката ми изгледа подобро после употребата на booster-от.

За крај, навистина мислам дека ова е еден многу убав производ кој дефинитивно ќе остане во мојата skincare рутина. Топло ви го препорачувам да го пробате доколку се уште не сте го сториле тоа, а јас штом го потрошам ова шишенце веднаш ќе си порачам ново. Нема поубав доказ дека нешто навистина ви се погодило од тоа повторно да му ја дадеш довербата на истиот производ. 



Се читаме утре!

Поздрав,

Лори

Post a Comment