SOCIAL MEDIA

БлогМас ден 8: Avon Anew Vitamin C Radiance Maximizing серум

December 8, 2021



Драги мои, добредојдовте во БлогМас ден 8. За денес се одлучив да споделам со вас мое видување за еден од најпознатите, ако не и најпознатиот производ кој Авон го има лансирано во задниве неколку години.





Па да започнеме... Спремете се да прочитате многу факти 😁

Витаминот Ц е првенствено моќен антиоксиданс, кој се бори со штетните ефекти на слободните радикали предизвикани од надворешните фактори. Го спречува оштетувањето на клетките и го забавува стареењето на кожата. Го стимулира производството на колаген и ја прави кожата поцврста и посјајна. Помага во борбата против брчките, хиперпигментацијата и го изедначува тенот на кожата. Ги запира и смирува воспалителните процеси и се бори со дехидрација на кожата. Помага во заштитата од сонце или штетно УВ зрачење. 

Avon Anew Vitamin C Radiance Maximizing Serum е производ кој е веќе 2 и пол години на нашиот пазар. Доаѓа во елегантно, стаклено шишенце со пумпа и содржи 30 ml производ. 

Овој серум има уникатна формула со 10% стабилен витамин Ц, или во превод, ја дава моќта на 30 портокали како да делуваат на вашето лице и ветува максимална ревитализација, сјајна, мазна и младешки сјајна кожа. 

Овој производ го користам секојдневно во последниве 3 месеци. Серумот лесно се дозира, една пумпица исфрла онолку производ колку што е потребна за една апликација.

Мирисот на серумот е пријатен и свеж, како да мирисате портокали. Бојата на самиот серум внатре во шишенцето е провидна и текстурата му е поприлично течна и леплива штом ќе го нанесете на лицето.





Серумот го користам секоја вечер како дел од мојата вечерна рутина и го нанесувам на исчистено, суво лице. Како што напоменав текстурата му е леплива, но таа лепливост исчезнува штом серумот се впие во кожата, па така не остануваат лепливи траги или маснотии на лицето. По нанесувањето на серумот, кожата е мазна, мека и нежна на допир и изгледа посјајно и свежо.

Во моментов, бидејќи веќе полека но сигурно навлегуваме во зима, мојата кожа постојано е сува од временските услови и дехидрирана поради тоа што не консумирам доволно вода. 

По само една месец користење на серумот забележав дека тенот полека ми се изедначува, црвенилото видно се ублажува, а кожата ми е похидрирана, затегната, изгледа посветла, поодморена и поздрава. Исто така, морам да ви напоменам дека сеуште се борам повремено со акни на лицето, со што овој производ многу ми помага бидејќи инстантно делува на воспалените делови на лицето и ги ублажува лузните предизвикани од акните.

Овој серум на Авон за мене прави буквално се што ветува, и секако бидејќи толку многу ми се допаѓа, пред месец дена целосно го потрошив првото шишенце и решив веднаш да си порачам ново.






За крај, ќе кажам дека крајно сум задоволна од резултатите постигнати со овој серум и продолжувам да го користам и понатаму. Ви препорачувам да го пробате и вие доколку се уште не сте го направиле тоа. Можете истиот да си го порачате од најновата брошура на Авон, чиј директен линк ќе ви оставам тука: Авон Витамин Ц серум


Се надевам уживавте и во овој БлогМас ден 8 пост и ќе навратите повторно и утре.




До тогаш...

Поздрав,

Лори

Post a Comment