SOCIAL MEDIA

БлогМас ден 12: Јас само се шегувам

December 12, 2021

Драги мои, живееме во времиња исполнети со предизвици, предизвици со кои јас лично најдобро се справувам кога ќе им се изнасмеам во фаца.

Па така за денес се решив да ви предложам да погледнете нешто што ќе ве насмее до солзи и ќе ве натера да ги заборавите вашите проблеми барем на 1 час.






Ова Нетфликс стенд ап шоу ми е апсолутен хит кој нуди одлична можност да се ослободите од стресот што се манифестира секојдневно во општеството и ве тера добро да се насмеете на секојдневни апсурди што не опкружуваат сите нас.

Се смеев, многу. И тоа беше поентата.




Снимен во предпандемиски услови "Јас само се шегувам" на Џек Вајтхол ме оддува, впрочем како и секој стенд ап што тој го прави. Џек се појавува на сцената со смешни приказни за среќните парови, животот по хотели, човечката глупост и неговиот мега познат татко Мајкл.

Тој се исмева самиот себе, веганите и нивните разни видови на млеко и нивото на глупост на Американскиот народ уште во првите 20 минути. Постојано се движи низ сцената, скока наоколу и ја анимира својата публика, преминувајќи од приказна во приказна, која од која по урнебесна, посебно онаа за посетата на Чернобил, на која е придружуван од неговиот татко Мајкл Вајтхол.

Ова е прекрасно стенд ап шоу што прави токму она што треба: ве остава да се смеете!

Џек со неговиот уникатен британски хумор ми понуди момент да се опуштам, да се смеам и да се сетам дека никогаш не треба да го мачкам лебот со путер пред да го ставам во тостерот 😄.






Топло ви го препорачувам ова Нетфликс шоу на Вајтхол и сите останати стенд ап настапи кои тој ги има на оваа стриминг платформа.

Драги мои, се надевам уживавте и во овој БлогМас ден 12 пост. Се гледаме повторно утре!




До тогаш...

Поздрав,

Лори

Post a Comment