Драги мои, добредојдовте во БлогМас ден 13!
Мора да признаам дека полека, но сигурно почнувам да го чувствувам оној познат burn out од кој сите Јутубери се жалат штом стигнат до половина на ВлогМас периодот.
Луѓе... и со право се жалат. ВлогМас како и БлогМас како предизвик претставува еден голем притисок на сите кои се нафаќаат да го прават, па не ретко многумина почнуваат на пола да се откажуваат. Годинава, за разлика од претходните 2, ќе го терам овој БлогМас до крај! Па што сака нека биде 😁
Можеби ќе доцнам со објавување поради работни обврски, но ви ветувам дека ќе имате можност КОНЕЧНО да прочитате комплетни 25 БлогМас објави оваа година.
За денес ви спремив една кратка рецензија за мојата омилена хајлајтер палета која е од Есенс Козметикс и се нарекува Choose Your Glow.
Есенс, Авон и Катрис се брендовите на кои се потпирам најмногу и од кои многу ретко ми се случува да купам нешто што не ми одговара.
Мислам дека Есенс во последниве 3 години се промени толку многу како бренд и стана пософистициран, посебно во однос на дизајнот на своите производи кои од навидум детски изглед, по кој Есенс беше препознатлив многу долго време, стана сериозна конкуренција на полуксузните брендови.
Палетата Choose Your Glow, има софистициран и свеж дизајн. Подебелата картонска амбалажа не може да се мери со амбалажа од повисоката класа, но сепак изгледа навистина добро на око. Иако е подебела амбалажата од, на пример, палетите за сенки од Есенс, сепак има пригоден формат и лесно може да се смести во фиока.
Сметам дека е пекрасно што Есенс во последно време често се одлучува за чисто картонско пакување и на тој начин ја елиминира постепено пластиката од употреба и ни покажува на сите еден убав пример кој треба да го следиме и да ја чуваме нашата околина.
Candlelit Glow - Нежна, прасковита нијанса која е идеална за многу светли до средни тонови на кожа и која изгледа по „природно“ во споредба со следната нијанса.
Major Glow - Шампањ златна нијанса која одговара на повеќето тонови на кожа и има многу интензивен пигмент.
Summer Glow - Прекрасна темно златна нијанса која оди малку кон бронзена. За жал, оваа нијанса мене не ми одговара баш да ја користам како хајлајтер, но сигурно ќе изгледа фантастично на средни до темни тонови на кожа. Како што можете да видите од сликите доста е искористена и оваа нијанса, посебно како сенка за очи, ја нанесувам на очите секој ден за на работа и изгледа прекрасно во текот на целиот ден.
Се разбира, нијансите не мора да се користат строго поединечно, туку можат и да се мешаат и на тој начин да создадат посебна нијанса.
Формулата на хајлајтерите е мека како путер и воопшто не може да се видат со голо око светките како на многу други дрогериски хајлајтери, како на пример оние на Wet n' Wild. Сите нијанси изгледаат толку луксузно и убаво на кожата што просто нема да ви се верува дека се работи за производ со цена од околу 300 денари.
Post a Comment