SOCIAL MEDIA

БлогМас ден 14: Мојата омилена Есенс течна пудра

December 14, 2021


Драги мои, добредојдовте во БлогМас ден 14 😊

За денес се одлучив да ви напишам една кратка рецензија за мојата омилена течна пудра, од кој друг ако не од Есенс Козметикс.






Минатата година Есенс Козметикс лансираше нова течна пудра која само што стигна во нашите дрогерии веднаш отидов и ја купив за да ја испробам.






Нивните течни пудри се секогаш прав хит и имаат многу ефтини цени, но ретко која од нив и одговара на мојата кожа.

Единствената течна пудра од Есенс без која не можев да живеам во последниве неколку години беше Fresh & Fit пудрата.

За жал, во 2019 година во овој временски период истата беше тргната од производство и повеќе не можев да ја купам во дм дрогериите. Секако, кога видов објава на Инстаграм на официјалниот профил на Есенс им пишав за каква пудра станува збор и дали оваа е замена за Fresh & Fit.

Ми објаснија дека нивната најнова течна пудра не е директна замена за Fresh & Fit, но дека е правена на иста основа, а е многу подобра од Fresh & Fit.

Ми пишаа дека се работи за пудра која дава природен изглед на кожата, ја хидрира, има средна покривност и сатен финиш.






Како што ви пишав и погоре, ја купив и испробав оваа течна пудра, па сега би сакала да ви го соопштам моето мислење 😎


Најпрво, важно е да се спомене дека оваа пудра е достапна во 31 нијанса што е неверојатно за дрогериски бренд, но сепак на нашиот пазар се достапни само 6 нијанси. 

Нејзината цена изнесува 339 денари, што е екстремно ефтино кога ќе споредите колку многу придобивки имате од оваа пудра, а колку малку плаќате за неа.

Pretty Natural е хидратантна пудра со хијалуронска киселина и алое вера, има формула која е создадена за долготрајно носење, со средна покриеност, сатен финиш, и имам чувство како ништо да не сум ставила на лицето.






Одлична работа е што оваа пудра доаѓа во туба, чиј отвор е запечатен со налепница кога ќе го одвртите црното капаче за прв пат, што сметам дека е крајно хигиенски направено и ми дава дознаење дека пудрата не била отворена од некој друг додека стоела на штандот во дрогеријата.






Пудрата има многу убава, кремаста текстура која лесно се бленда на лицето и дава многу простор за работа со нејзе, односно не се суши брзо откако ќе ја нанесете на кожата.

Исто така, има убав и суптилен сјај откако ќе се нанесе на лицето.






Јас ја избрав најсветлата нијанса достапна во нашите дрогерии 040 Neutral Vanilla, која поприлично добро одговара на тонот на мојот тон.






Оваа пудра го изедначува тонот на мојата кожа и изгледа прекрасно. Долго се носи во текот на денот и брзо ми стана пудрата која ја користам за секојдневно носење, особено за на работа.

Обично ја носам околу 12 часа на мене секој ден, под маска на која пудрата многу малку остава трага во текот на денот.

Накратко кажано, огромен обожавател сум на оваа течна пудра на Есенс Козметикс и ви препорачам на сите да појдете до најблиската дрогерија, да си ја купите и да ја пробате.


За крај, се надевам дека уживавте во овој БлогМас ден 14 пост и ќе продолжите да го следите овој БлогМас до самиот крај. Се читаме утре!



До тогаш...

Поздрав,

Лори

Post a Comment