SOCIAL MEDIA

БлогМас ден 19: Поддршка за нашите Зелени Сили!

December 19, 2021


Драги мои, добредојдовте во БлогМас ден 19.

Сигурна сум дека повеќето од вас слушнале за нашите овогодишни претставници на Јуниорскиот Евросонг, но и да не сте слушнале, сега ќе ве информирам накратко за се 😊



Ни преостанува уште половина час до почетокот на Јуниорскиот Евросонг во кој можете да гласате онлајн и да ги поддржите нашите Зелени Сили (Green Forces) од детсиот серијал "Дајте Музика" и тоа можете да го сторите на овој линк, целосно бесплатно: https://vote.junioreurovision.tv/

Штом ќе кликнете на овој линк кој ви го оставив ќе ве однесе директно на страната за гласање, каде ќе морате да бидете трпеливи и ќе треба да го изгледате видеото кое е една recap снимка каде ве запознаваат накратко со сите учесници на Евросонгот.

Штом заврши видеото, ќе имате можност да гласате за нашите претставници.



Како секоја година така и оваа Македонската радио телевизија (МРТ) интерно избра група составена од 4 учесници кои се дел од мега популарната телевизиска серија „Датја Музика“.

По сите рецензии кои ги изгледав и прочитав заклучив дека нивниот настап во Париз ќе биде многу внимателно следен затоа што се зборува дека нашите претставници се едни од фаворитите за победа на овогодинешниот Јуниорски Евросонг.

„Датја Музика“ тимот за Евросонг е составен од две девојчиња (Кристина Мукаетова и Анастасија Џабирски) и две момчиња (Миха Гигов и Филип Поповски).

Аххх возрасната генерација... Какви неодговорни битија сме ние што ја третираме нашата планета Земја како корпа за отпад и им ја оставаме во наследство и грижа на нашите деца во таква излитена состојба.

Овие деца го увиделе уништувањето на животната средина, од диви пожари до загадување до глобалното затоплување, и сакаат да се здружат за да направат нешто околу тоа. Таква е пораката која ја испраќаат токму со нивната песна Green Forces (Зелени Сили), чиј композитор е Роберт Билбилов, кој исто така работи со децата во ТВ серијалот.


Им посакувам многу успех и среќа на нашите учесници, без разлика на крајниот исход.

За крај, слушнете ја нивната песна со која не претставуваат на Јуниорскиот Евросонг:



 


Се надевам уживавте и се читаме повторно утре!


До тогаш...

Поздрав,

Лори

Post a Comment