SOCIAL MEDIA

БлогМас ден 15: Лореал Hydra Genius алое вода

December 15, 2021


Драги мои, добредојде во БлогМас ден 15!

Денес сме тука да зборуваме за еден од моите омилени производи кога станува збор за грижа на кожата и одржување на истата хидрирана. Поконкретно зборувам за прекрасната алое вода од Лореал наречена Hydra Genius.






Доколку сакате да ги дознаете моите размислувања за овој произовод, тогаш продолжете да читате.

L’oreal Hydra Genius алое водата доаѓа во стаклено шише од 70 ml. Ќе се согласите дека количината на производот што ја добивате е многу импресивна, без разлика дали се работи за серум или крем. Овој производ го купив за првпат за време на карантинот во април минатата година во мојата локална дм дрогерија и мислам дека беше на попуст и чинеше некои 400 денари.

Постојат вкупно 3 верзии на оваа алое вода: розово шише за сува и чувствителна кожа, зелено за нормална кон комбинирана кожа и сино за нормална кон сува кожа. Кога ќе купувате, обрнете внимание, бидејќи пакувањето е речиси идентично и само бојата на една лента се разликува. Мојата верзија е сината.





Hydra Genius алое водата има неверојатна гелна формула. Лесен е и лесно се размачкува на кожата, брзо се впива, не е мрсен и не остава леплив слој на кожата. Има многу пријатен мирис, но истиот исчезнува во моментот кога ќе се размачка на кожата. 

Откако ќе завршам со нанесувањето, кожата се чувствува мека и хидрирана на допир. Оваа вода со алое можете да ја нанесете после серум или сама по себе. 

Јас лично преферирам да го нанесувам навечер откако ќе ја извадам шминката и ќе го исчистам лицето. Ставам две пумпици од производот во раката и го нанесувам на лицето пред да одам да спијам.






Уште еден плус е тоа што овој производ е совршен за да се користи и како база за шминка. 

Ова шише ќе ви трае исклучително долго, дури и ако имате тенденција да користите по 3 пумпи на една употреба, како што јас најчесто сакам да правам. После сите овие месеци редовна употреба, успеав да стигнам само до половина од шишето.






Цената на оваа алое вода е одлична и добивате можност да испробате производ кој е екстремно квалитетен, а сепак нема да му наштети многу на вашиот буџет. Имате топла препорака од мене да го испробате доколку сеуште не сте го сториле тоа.


Како и секогаш, се надевам дека ви се допадна овој БлогМас ден 15 пост и ќе се вклучите и утре да прочитате уште еден!



До тогаш...

Поздрав,

Лори

Post a Comment