SOCIAL MEDIA

БлогМас ден 2: Neutrogena мини haul

December 2, 2021



Драги мои, добредојдовте во БлогМас ден 2!

Пред неколку часа конечно ја добив долго очекуваната пратка од 4all.mk која ја направив за време на Black Friday акцијата и секако ми дојде идеја да ве прашам на инста стори дали можеби сакате да направам еден мини haul со производите кои ми пристигнаа.



Па ајде да направам еден краток вовед за брендот пред да ви покажам што купив.

Неутрогена е американски бренд кој ја започна својата приказна со производство на сапуни, а денеска важи за еден од најшироко познатите дрогериски брендови. Кога станува збор за нега на кожата на лицето тие со своите добро формулирани  производи и пристапни цени веќе се добро етаблирани на пазарот. Иако кремот за раце е нивниот најпродаван производ, неодамнешните серии за нега на кожа брзо стигнаа до најпродавани во светот благодарение на нивната уникатна формула.

Па да почнеме со најавениот мини haul 😎



Neutrogena Refreshingly Clear гел за миење на лице


Ова е освежувачки гел за миење на лице за секојдневна употреба. Во својата формула содржи розов грејпфрут и витамин Ц кои помагаат да се постигне ефект на чиста кожа и блескав тен. Гелот нежно ја чисти кожата, без притоа да ја суши.

Овој гел се користи за миење наутро и навечер. Се нанесува на влажно лице, се втрива убаво и потоа добро се исплакнува. Наменет е за кожа склона кон неправилности.

Содржи: Aqua, Glycerin, Sodium Laureth Sulfate, Lauryl Glucoside, Acrylates/C10-30 Alkyl Acrylate Crosspolymer, Citrus Grandis Fruit Extract, Propylene Glycol, Sodium Benzotriazolyl Butylphenol Sulfonate, Disodium EDTA, Citric Acid, Sodium Hydroxide, Sodium Ascorbyl Phosphate, Sodium Benzoate, Parfum, CI 16035, CI 60725. [PR-0000651]




Neutrogena Refreshingly Clear навлажнувачки крем без масло


Овој навлажнувачки и освежувачки крем за лице без масло исто така содржи розов грејпфрут и витамин Ц кој исто допринесува во борбата да се постигне чиста кожа и блескав тен.

По измивање на гелот за лице, на суво, чисто лице се нанесува кремот два пати дневно, наутро и навечер. Исто како и гелот за миење од истата серија, овој крем е наменет за кожа склона кон неправилности.

Содржи: Aqua, Glycerin, Propylene Glycol, Cetyl Alcohol, C12-15 Alkyl Benzoate, Glyceryl Stearate, PEG-100 Stearate, Stearyl Alcohol, C12-15 Alkyl Lactate, Salicylic Acid, Aloe Barbadensis Leaf Extract, Cetyl Lactate, Chamomilla Recutita Extract, Cocamidopropyl PG-Dimonium Chloride Phosphate, Menthyl Lactate, Dimethicone, Propylene Glycol Isostearate, Sodium Isostearoyl Lactylate, Acrylates/C10-30 Alkyl Acrylate Crosspolymer, Carbomer, Sodium Chloride, Palmitic Acid, Stearic Acid, Disodium EDTA, Sodium Hydroxide, Benzalkonium Chloride, Ethylparaben, Methylparaben, Propylparaben, Phenoxyethanol, Parfum, Benzyl Alcohol. [PR-015516]



Nеutrogena Hydro Boost Express Hydrating спреј за тело


Ова е навлажнувачки спреј за тело со експресен ефект за нормална и сува кожа кој ја спојува напредната технологија за хидратација на кожата на лицето со нега на телото, за брза хидратација, еластична и сјајна кожа во текот на цел ден.

Оваа освежувачка, ултра лесна формула е надополнета со хијалуронска киселина. Ова се на се изгледа како спреј со одлучни карактеристики, кој може да задржи вода 1000x повеќе од неговата тежина. Ја навлажнува кожата и помага во задржувањето на влажноста на кожата и ја одржува рамнотежата на влажноста на кожата со континуирано ослободување на хидратацијата кога и е најпотребна на вашата кожа.

Се нанесува на влажна кожа за да може да се задржи влажноста и по туширањето, по што спрејот веднаш се впива, така што не остава мрсни остатоци на кожата. Овој производ е соодветен и за секој што има чувствителна кожа.

Содржи: [PR-018323] Aqua, Glycerin, Isopropyl Palmitate, Petrolatum, Dimethicone, Sodium Hyaluronate, Polysorbate 60, Cetearyl Olivate, Sorbitan Olivate, C12-20 Alkyl Glucoside, C14-22 Alcohols, Isohexadecane, Hydroxyethyl Acrylate/Sodium Acryloyldimethyl Taurate Copolymer, Sodium Hydroxide, Tocopherol, Chlorphenesin, Parfum, Benzyl Alcohol



Секако дека акцијата за Black Friday беше толку добра што морав да купам два производи од секој по цена за еден производ.

Едвај чекам да ги пробам сите три производи и да ви напишам подетална рецензија за истите.




Се читаме утре!

Поздрав,

Лори

Post a Comment