SLIDER

The Lori Diaries

The Lori Diaries

The Lori Diaries represents an online diary where the author blogs about lifestyle, beauty, makeup, travel, entertainment and so much more. Enjoy reading through the pages and get inspired!
Latest On the Blog

БлогМас ден 4: Топ 7 подкаст канали за 2021

БлогМас ден 4: Топ 7 подкаст канали за 2021

Без разлика дали сте нови во светот на подкасти или барате неколку нови препораки, дојдовте на правото место. 

Подкаст е дигитална аудио снимка достапна на интернет за преземање на компјутер или мобилен уред, вообичаено достапна како серијал, чии нови епизоди можете да ги следите бесплатно доколку се претплатите на подкастот.





Темите на подкастите може да бидат од најразличен карактер како на пример готвење, интервјуа со познати личности, обработка на историски значајни настани, самопомош, културна анализа, мотивација и професионални совети. 

Поткастите се многу различни по должина. На некои им се потребни само пет или 10 минути за оние со краткотрајно внимание, додека други можат да траат со часови и можете да си ги слушате во позадина додека работите нешто, правите вечера, вежбате или слично, и така ќе бидете екстра продуктивни.

Па ајде да ви ги претставам моите топ 7 подкаст канали кои обожавам редовно да ги слушам!


1. Making Moves with TK






Без разлика дали се работи за финансиски потези, потези за време на љубовни состаноци или какви било потези што треба да ги повлечете во животот, Тејлор Кинг е тука да ги сподели своите совети и трикови за тоа како да повлекувате потези во секојдневниот живот како прав шеф. 

Making Moves се труди редовно да има специјални гости, блиски пријатели, личности од дигиталниот свет и славни личности кои ќе разговараат за тоа како тие прават потези во своите животи.

Ви оставам директен линк до нејзиниот подкаст Making Moves каде можете бесплатно да се претплатите и редовно да ги слушате сите нови епизоди.


2. This is Paris






Придружете и се на Парис Хилтон секоја недела додека таа отворено зборува со нејзините пријатели и семејството за нејзиниот приватен живот и животни искуства, но и за теми како што се најнови филмови, музика и ТВ серијали. Таа интервјуира луѓе на начин на кој само таа може и поставува прашања за теми кои се изненадувачки и неочекувани. Како и секогаш таа е искрена, забавна, отворена, инспиративна и непредвидлива.

Парис Хилтон е инфлуенсер, диџеј, дизајнер, пејач, филантроп, водител, актер, модел и автор. Со други зборови, нема нешто што оваа жена не може да го направи. Се што ќе допре се претвора во злато! 

Ви оставам директен линк до нејзиниот подкаст This is Paris каде можете бесплатно да се претплатите и редовно да ги слушате сите нови епизоди.


3. Blunt Talk with Gabriel Zamora






Габриел Замора е добро познат makeup Јутубер кој минатата година го започна својот подкаст каде во своите епизоди зборува општо за животот, актуелните настани, менталното здравје, социјалните мрежи и што се се случува во светот.

Најчесто претпочита да снима подолги соло епизоди, но неретко знае да има и гостувања со специјални гости од разни области кои обожава да ги потпрашува за се и сешто, трудејќи се да ги дознае нивните приказни и ставови.

Ви оставам директен линк до неговиот подкаст Blunt talk with Gabriel Zamora каде можете бесплатно да се претплатите и редовно да ги слушате сите нови епизоди.


4. Unsolicited Advice with Ashley and Taryne






Секоја недела, Јутјуберките Ешли Никол и Терин Рене одговараат на прашања на слушателите за сè, од љубов до состаноци, работа до најчудните ситуации кои можат да ти се случат во животот и им даваат незадолжителни совети. 

Ниту едно прашање не е забрането и ниту еден одговор не е професионално потврден на кој било начин. Слушањето на советот е потребно, но неговото прифаќање е 100% ваш избор.

Ви оставам директен линк до нивниот подкаст Unsolicited Advice with Ashley and Taryne каде можете бесплатно да се претплатите и редовно да ги слушате сите нови епизоди.


5. Pretty Basic with Alisha Marie and Remi Cruz






Pretty Basic е неделен подкаст чиј домаќини се двете најдобри пријателки и дигитални креатори на Јутуб, Алиша Мари и Реми Круз. Секоја недела тие ги воведуваат слушателите во нивниот секојдневен живот, од забавни лесни разговори за состаноци до споделување на нивните совети за тоа како да се чувствувате посигурни. Секоја недела ќе сакате да слушате се повеќе и повеќе!

Ви оставам директен линк до нивниот подкаст Pretty Basic with Alisha Marie and Remi Cruz каде можете бесплатно да се претплатите и редовно да ги слушате сите нови епизоди.


6. Anna Faris Is Unqualified






Придружете ѝ се на водителката и актерка Ана Фарис, во неделениот експеримент каде што преку разговори со познати гости им дава целосно неквалификувани совети на нејзините слушатели кои се јавуваат.

Ви оставам директен линк до нејзиниот подкаст Anna Faris Is Unqualified каде можете бесплатно да се претплатите и редовно да ги слушате сите нови епизоди.


7. Fool Coverage with Manny MUA and Laura Lee






Гуруата за убавина Мени МУА и Лора Ли секоја недела ви даваат совети за убавината и модата, раскажуваат приказни за водење на нивните успешни бизниси и споделуваат инсајдерски информации за живеење во центарот на вниманието како ѕвезди на социјалните мрежи.


Ви оставам директен линк до нивниот подкаст Fool Coverage with Manny MUA and Laura Lee каде можете бесплатно да се претплатите и редовно да ги слушате сите нови епизоди.


Драги мои, тоа е се за денешниот БлогМас ден 4 пост. Се надевам дека предлозите за подкаст што ви ги дадов ќе ве инспирираат да се претплатите на некој од нив и да чуете и научите по нешто ново.




Се читаме утре!

Поздрав,

Лори

Comments

DESIGN+CODE THEME VIOLA|2022