SOCIAL MEDIA

БлогМас ден 3: 5 Јутубери чија ВлогМас приказна треба да ја следите

December 3, 2021

Декември е најубавиот месец за гледање посебно квалитетна содржина на сите Јутуб канали кои ги следите.






Како и секоја година така и оваа многу од Јутуберите се одлучуваат да снимаат предновогодишни влогови од 1 па се до 25 декември, т.е. се до католички Божиќ и овој предизвик или подобро кажано концепт е познат како ВлогМас. Влоговите можат да бидат со празнична содржина, но секако и не мора, па многу од Јутуберите кои ги следам снимаат влогови каде го прикажуваат својот секојдневен живот, нивните makeup и skincare рутини итн.

Па доколку сте заинтересирани да следите ВлогМас оваа година би сакала со вас да споделам 5 Јутуб канали кои секоја година за време на ВлогМас што би рекле Србите "покидају" 😁




Опседната сум со постојано гледање на Јутуб содржините на Алиша Мари без разлика дали се работи за ВлогМас или не. Таа постојано им прикажува на своите фанови зад сцената моменти од нејзиниот живот со снимање на нејзините влогови. Во последните 3 години нејзините ВлогМас видеа се едни од најпопуларните на нејзиниот канал што можете да ги гледате повторно и повторно. Таа е апсолутна кралица на Влогмас. Минатата година, таа ги шокираше своите следбеници со тоа што буквално купи цел огромен билборд каде го рекламираше својот сајт https://shopalishamarie.com/ каде можете да купите облека која е дизајнирана од нејзе. 

Во видеото поставено на 1 декември, пред да излезе нејзината ВлогМас содржина, таа ги извести своите обожаватели како планира да го надмине минатогодишниот ВлогМас. Па, што направи таа? Се разбира, најми цела продукција која и помогна да сними 25 различни интро видеа за секој нејзин ВлогМас влог.

Haul видеата на Алиша и нејзините B-roll снимки се прекрасни, па затоа одете на нејзиниот канал и уживајте во ВлогМас 2021!










Ако барате забавна, но пријатна и многу софистицирана ВлогМас содржина каква што најчесто барам јас, Ешли Никол има многу посебно место во моето срце! 

Таа со своите видеа ми е редовен придружник секое утро додека се подготвувам за да одам на работа. Таа е мојата онлајн другарка, нејзината содржина е неверојатна, исполнета со релаксирачка музика и неверојатни B-roll снимки од нејзиното чистење, работа на своето биро, вежбање или готвење со AirFryer и приготвување шолја кафе од нејзината кафе машина Keurig.

Го обожавам нејзиниот смирувачки глас и сета онаа кул и естетична атмосфера што знае многу добро да ја прикаже во нејзините влогови. Вклучете се на нејзиниот канал и уживајте во квалитетна ВлогМас содржина.










Таа е апсолутна модна кралица и е личноста што треба да ја следите доколку сакате некоја модна софистицираност измешана со малку божиќни вибрации за време на ВлогМас. Луѓе! Девојката живее во Милано! Нешто покул нема од тоа.

Тамара е од Србија, живееше доста години во Англија, поконкретно во Брајтон со нејзината сестра Дуња, но по завршување на карантинот минатата година таа се пресели во Париз, каде за жал од кога и се случи огромен грабеж во нејзиниот стан донесе одлука да се исели и да замине од Париз, а сега заедно со нејзиниот дечко живее веќе неколку месеци во Милано.

Таа беше моја инспирација и главниот виновник да се решам да го основам овој блог и да ја следам мојата пасија која е пишувањето.

Тамара има свој моден блог наречен TheGlamandGlitter каде што редовно постира содржини поврзани со модата, убавината, негата на кожата, патувањата итн.

Посетете го нејзиниот Јутуб канал и блог и уживајте!








Таа е млада, таа е прекрасна и таа е попозната по надимакот Miss TK Juicy Polls. Јас едноставно ја обожавам ТК, таа е еден прекрасен лик на Јутуб сцената!

Tејлор Кинг е уредник, видеограф и продуцент на Алиша Мари на подкастот Pretty Basic, која исто така има свој Јутуб канал и свој подкаст Making Moves with TK.

Таа е толку посветен работохолик кој редовно ме инспирира и тоа е нејзината главната карактеристика која многу ја сакам и почитувам кај неа. 

Следете го нејзиниот канал каде редовно го прикажува нејзиното секојдневие и зборува за многу теми поврзани со нејзината работа и често дава совети за тоа што се треба да поседувате за да се пробиете како content креатор во дигиталниот свет.









Душан е најпознатиот млад српски фотограф кој на Јутуб се прослави со првиот ВлогМас кој го снимаше во 2017 година, заедно со Тамара Калиниќ. Од тогаш па натака, со исклучок на минатата година, тој секој Декември постира ВлогМас содржина на неговиот канал која е крајно различна од се останато што ќе сретнете на Јутуб.

Тој и Тејлор Кинг ми се луѓето кои сакам да ги следам посебно поради тоа што не се себични и многу сакаат да споделат и откријат тајни поврзани со бизнисот во кој имаат привилегија да работат.

Морам да признаам дека неговиот ВлогМас од 2017 и 2018 ми се најомилени и обожавам секоја година да ги гледам повторно штом дојде 1 декември.

Душан спонтано објави пред 3 дена дека ќе извади ВлогМас содржини за оваа година, без никаква претходна најава и ми дојде како едно пријатно изненадување и едвај чекам да гледам што се ќе ни снима за овој ВлогМас 2021.




 


Па драги мои, тоа е се за денешниот БлогМас ден 3. Се надевам уживавте и ќе навратите повторно и утре на уште една БлогМас дружба. 




До тогаш...

Поздрав,

Лори

Post a Comment