SOCIAL MEDIA

ЕУРОЛИНК ТРЧА!

April 8, 2022


Драги мои,

После долгото паузирање од блогот, денес конечно решив да седнам пред компјутер, да се најавам и да ви пишувам за еден прекрасен, позитивен, спортски настан кој оваа година го слави својот 10-годишен јубилеј.

Секако, зборувам за Авицена женската трка, настан кој секоја година се одржува во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје, каде право на учество имаат сите припаднички на женскиот пол без ограничување на возраст.

Трката оваа година ќе се одржи на 10 април, поточно оваа недела, а меѓу главните спонзори на настанот се и Еуролинк осигурување АД Скопје кои се традиционални поддржувачи и учесници на Скопскиот маратон и секоја година испраќаат свој трчачки тим, во кој веќе 2 години учествувам и јас.




Па така, тие решија оваа година да бидат дел од учесниците и спонзорите на овогодишната Авицена женска трка и да испратат свој тим од 24 учеснички.




Овој пост е инспириран воглавно од фактот што самата јас се пријавив да учествувам на оваа трка на 3км како дел од Еуролинк тимот. Ќе бидам искрена и ќе ви признаам дека не сум некој страстен трчач, но сум огромен љубител и поддржувач на спортски настани кои вбризгуваат некој посебен вид на позитивна енергија и обожавам да бидам дел од ваков разигран Еуролинк тим, чија цел е да испрати силна порака за важноста на здравите навики кои ги создаваме и градиме самите ние секој ден и да ја нагласи потребата да се вложува во сопственото здравје за квалитетен живот.




Предводени од ова, Еуролинк осигурување на 10 април ќе ги осигура од незгода сите учеснички на Авицена женската трка и ќе ги награди со 2.000 ден. попуст на едногодишна полиса за Приватно семејно здравствено осигурување. Дополнително, трите најсреќни учеснички ќе добијат 3 гратис полиси за Патничко осигурување во траење од 10 дена.





Трката започнува во 9:00 часот од паркингот кај ресоранот „Балканика Рустикана“, во стариот дел на Градски парк.





Драги мои, тука ви испраќам покана до сите што сте слободни и сакате да му дадете поддршка на мојот Еуролинк тим и да не бодрите да стигнеме до завршната линија, а потоа да ни дојдете на гости на Еуролинк штандот каде заедно ќе се забавуваме и ќе го прославиме овој прекрасен настан!

Се гледаме во недела 😊


Поздрав,

Лори

Post a Comment