Многумина можеби не се запознаени со овој факт, но jade roller-от се користи со векови за затегнување, масажа и одржување на кожата во Кина, а во последниве неколку години посебно се здоби со популарност и сега е дел од многу beauty рутини низ цел свет.Сепак, и покрај раскошната историја на ролерот, ефикасноста на оваа алатката е сеуште под знак прашалник.
ШТО Е JADE ROLLER?Тоа е алатка која со векови ја користеле кинеските царици и императори. Ова претставувало еден од нивните патишта до "фонтаната на младоста", и е ритуал кој повеќе не е привилегија само за богатите. Сè уште многумина во Азија го користат ролерот и денес тој претставува главно помагало кое ја надополнува нивната рутина за нега на кожата.
Ролерите кои масовно се продаваат не секогаш се направени од жад и најчесто ќе забележите дека се направени од розов кварц, аметист или други полускапоцени камења, но без разлика на ова сите тие ја вршат истата функција. Како што сугерира името, лесно го "ролате" преку кожата ролерот за да ги уживате неговите бенефити. Оваа алатка е дизајнирана да се користи по целото лице, врат и деколте.
ЗОШТО ВИ ПОТРЕБЕН JADE ROLLER?Ролерот се користи за измазнување на фините линии и брчки, a поради благиот притисок кој го прави на кожата исто така помага да се стимулира циркулацијата на крвта во пределот на лицето притоа олеснувајќи ја мускулната напнатост. Движењата на ролерот исто така можат да помогнат во стимулирање на лимфна дренажа. Ова ќе го исцеди вишокот токсини, ќе ги смали отоците оставајќи ја кожата потонирана и подигната.